Description
Во време кога потребата за таленти е зголемена и кога борбата за привлекување таленти е немилострдна, компаниите се натпреваруваат повеќе од било кога.
Нашиот пристап во организирањето на процесот на регрутирање, интервјуирање и селекција на најдобрите кандидати никогаш не бил толку важен како што е денес.
Во дизајнот на тренингот се користени искуствата од процесот на регрутација кај некои од нашите најголеми клиенти, познати светски брендови.
По успешно завршување на овој тренинг, учесникот ќе може да:
- Интервјуира и проценува кандидати за работни позиции според критериуми
- Врши ‘скрининг’ на CV-јата на кандидатите со користење на критериуми за селекција за соодветното работно место
- Евалуира и групира кандидати според компетенции и
- Структурира и организира ефективни интервјуа
- Припреми и испорача прецизни прашања и одговори
- Се припреми за првата фаза од интервјуто за селекција и да креира вистински прв впечаток, вклученост, ангажман и импресивно искуство на кандидатот
- Ги убеди кандидатите дека компанијата е одлично место за работа
- Им даде позитивен и конструктивен фидбек на кандидатите
- Ефикасно ги планира, сумира и затвори интервјуата
Тренингот е многу интерактивен, преку соодветни вежби постигнуваме искуствено учење на учесниците, ги тераме да размислуваат и да ги извадат сите мисли, идеи, препораки и критики за моменталното работење во секторот за човечки ресурси.
Сите вежби се крајно практични и применливи во пракса, со што учесниците дел од усвоеното знаење веднаш ќе можат да го применат и да очекуваат позитивни резултати.
Reviews
There are no reviews yet.