Еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат менаџерите денес се однесува на тоа како да се постават во конфликтните ситуации. До конфликт може да дојде од најразлични причини. На прв поглед, се чини дека конфликтните ситуации може да имаат само негативни последици за меѓусебните односи, меѓутоа улогата на менаџерот е да управува со конфликтот така што ќе произлезат позитивни и конструктивни последици за поединците, односно тимовите.

Овој тренинг им овозможува на учесниците да осознаат поради кои причини настануваат конфликтни ситуации, како и кои се различните начини на кои може да се реагира на истите. Стекнатото знаење и вежбите им овозможуваат на учесниците веднаш да ги применат алатките за успешно справување со конфликти, при што ќе успеат да изградат меѓусебни и тимски односи во кои конфликтот се насочува кон зајакнување, напредок и подобрување.

Теми на тренингот:

  • DRS модел на однесување
  • Како да се прилагоди своето однесување спрема другите – базирано на DRS моделот
  • Наметливост, ненаметливост и агресивност
  • Филтри на перцепција во комуникацијата
  • Скалила на заклучување – модел
  • Успешно разбирање преку различни техники за поставување на прашања
  • Примање и давање повратни информации – фидбекот е поклон
  • 5 начини за реагирање во конфликтни ситуации
  • Алатки за сопствена проценка на вообичаениот образец по кој реагираме
  • Кога и кој од начините за реагирање во конфликтни ситуации свесно да се примени со оглед на конкретната ситуација

Во текот на тренингот учесниците ќе имаат прилика да ја развијат својата способност за препознавање на тоа како настануваат конфликтите во секојдневната работа и како благовремено и адекватно да се реагира на истите. По тренингот, учесниците ќе бидат поуспешни во:

  • препознавањето на различните типови на луѓе и основните карактеристики на нивното однесување
  • остварувањето на трпелива, културна и позитивна комуникација
  • отстранувањето на препреките во активното слушање и разбирањето
  • поставувањето на прашања во согласност со моментот и ситуацијата
  • начините на кои ќе даваат фидбек на своите соговорници, воедно ќе научат да примаат повратна информација од соговорниците
  • одлучувањето кој од петте начини за реагирање во конфликтна ситуација да го применат

 

Целна група на овој тренинг се сите оние кои во своето работно окружување треба да научат да ги препознаваат причинителите на конфликтните ситуации и да ги совладаат техниките и алатките за поуспешно справување со таквите ситуации. Посебен акцент е ставен на реалните случаи и примерите од вистинските ситуации со кои се соочуваат учесниците во секојдневната работа.

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и пишување есеј.

Course Curriculum

No curriculum found !

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • 2,990 ден
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.