Сакате да научите како се создава синергија и “тим од соништата”?
Тимот е многу повеќе од обичен збир на индивидуи. Вистинскиот тим му овозможува на секој член максимално да ги искористи своите силни страни и предност и ќе го мотивира да ги впрегне со цел остварување на заедничка корист, a притоа, минимално да се појават евентуалните слабости на секој одделно.
Начинот на кој ги третирате вашите колеги ќе им укаже дали да соработуваат со вас или не. Меѓусебната доверба помеѓу членовите на тимот е основа за создавање на клима на посветеност и ангажирано делување во тимот.
Цели на овој тренинг се учесниците да разберат како функционираат тимовите, со кои предизвици се соочуваат за да можат да ја подобрат тимската соработка и станат подобри тимски играчи
Теми на тренингот:
- Особини на ефективните тимови
- Модели на распределба на тимските улоги
- Тимска динамика (фази на развој на тимовите)
- Креирање тимска синергија
- Креирање тимска ангажираност
- 5 предизвици на тимската работа
Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и пишување есеј.
Course Curriculum
Course Reviews
No Reviews found for this course.