Дали решавањето проблеми е важен дел од вашиот работен процес?

Како подобро и побрзо да ги решите проблемите?

Дали сакате да откриете повеќе техники во решавањето на проблемите?

 

Во динамичното опкружување во кое живееме, постојано се среќаваме со комплекси предизвици за кои е потребно брзо да носиме одлуки. Некои од предизвиците се врзани за одреден проблем кој треба да го решиме, но кај некои треба да го спречиме создавањето проблеми.

Способноста да го спречиме развојот на некоја ситуација во сложен проблем пред се зависи од тоа дали ги знаеме причинителите и начинот како прикладно да реагираме.

Професионалниот успех во голема мера зависи од нашата способност да носиме добри одлуки. Затоа е потребно да се совладаат неколку техники на индивидуално и групно анализирање на проблемот, како и наоѓање решение за истиот.

Овој тренинг е наменет за сите вработени кои сакаат да бидат сигурни дека работите им се поставени на добар начин, за да не доаѓа до проблематични ситуации, но и да бидат спремни да ги решат проблемите кога ќе настанат.

Бидејки овие процеси во реалниот живот се одвиваат многу брзо, ние ќе ги поделиме процесите во фази, секоја фаза поединечно ја вежбаме и на крај ги спојуваме.

Така е дизајниран на учесниците да им овозможи да ги идентификуваат, анализираат и решаваат проблемите со кои се соочуваат секојдневно на работното место.

Фокусот е ставен кон  подобрување и усовршување на компетенции при решавање на најразлични  проблеми и донесување одлуки.

Целна група на овој тренинг се менаџери, супервизори и сите вработени во една организација кои сакаат ефикасно да ги решаваат тековните проблемите, за да бидат поуспешни на работното место.

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и проектни задачи.

 

Course Curriculum

Зголемување на способноста за препознавање проблеми
Алати за утврдување на причинителите на проблемите
Унапредување на компетенциите и техниките за решавање на проблеми
Смалување на времето кое е потребно за решавање на проблемот
Примена на научената материја на конкретни случаи од пракса

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • 2,990 ден
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.