Дали често ви се случува да се почувствувате како да имате скриен непријател кој што работи против вас и ја поткопува вашата физичка и психичка сила? Или пак, како да не сте во можност да го реализирате во целост својот потенцијал? Или да не можете да се справите со притисоците од животот? Не грижете се. Не сте единствени на кои тоа им се случува. Повеќето менаџери и раководители ширум светот се чувствуваат исто.
Овој скриен непријател претставува извор на многубројни негативни емоции како лутина и фрустрација и е причина за многу психосоматски болести. Не ви дозволува да го достигнете својот полн потенцијал и штетно влијае на вашите односи со другите. Истовремено ви создава и здравствени проблеми – физички и емоционални. Но, овој непријател може да се победи со правилен начин на размислување. На кој непријател мислиме? Секако, добро погодивте – се работи за СТРЕСОТ! Во денешниот свет стресот штетно влијае на сечиј живот.
Во денешното натпреварувачко окружување, менаџерите се особено изложени на високо ниво на стрес во професионалниот и во приватниот живот. Благодарение на нивните постојано растечки желби и амбиции, тие сакаат да направат што повеќе работи истовремено и во што пократок рок. Поддршката што ја имаат станува се послаба, па така се соочуваат со предизвикот за усогласување на приватниот и професионалниот живот.
Ние не можеме да ги контролираме сите настани и околности кои што доведуваат до стресни ситуации, но секако можеме да научиме како да ја смениме нашата реакција на таквите случки.
Теми на тренингот:
- Овозможување на увид во стресот – неговите причинители и одговорот на нив
- Прикажување на моменталната реакција на учесниците на стрес
- Претставување на методологија за успешно совладување на стресни ситуации
- Помош во разбирањето на поврзаноста меѓу стресот и здравјето
- Создавање на индивидуален план за акција за постепено намалување на стресот и ефикасно справување со истиот
По завршувањето на овој тренинг учесниците ќе:
- научат како да го препознаат стресот и неговите причинители
- осознаат како моментално се справуваат со стресот
- научат како да применуваат различни методи за ефективно совладување на стресните животни ситуации
- ја разберат врската помеѓу стресот и здравјето
- ја прошират личната „комфор зона“
- научат специфични техники за релаксирање и техники за дишење
- создадат персонален план за акција за постепено намалување на стресот и ефикасно справување со истиот
Целна група на овој тренинг се менаџери, раководители, како и сите оние кои што сакаат да ја вклучат ефективната „Контрола на стресот“ во својот личен развоен план.
Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, видеа, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и пишување есеј.
Course Curriculum
Course Reviews
No Reviews found for this course.