Овој тренинг им овозможува на учесниците потполно разбирање на организациската стратегија, како и нивната индивидуална улога во тој процес. Секој учесник ќе стане свесен за директната поврзаност на својата секојдневна работа со генералните стратешки цели на организацијата.

Понатаму, учесниците ќе научат кои лични квалитети се потребни за ефикасно вршење на работата и кои карактеристики треба да ги развиваат со цел да ги подобрат своите резултати.

Овој тренинг овозможува увид во користењето на основните алатки потребни за стратешко планирање, кое на учесниците ќе им овозможи развој на ефикасни бизнис планови на организациско и индивидуално ниво.

Теми на тренингот:

  • Целосно разбирање на стратегиите
  • Каква е користа од стратегии?
  • Како стратегијата овозможува постигнување на целта?
  • Опасности кои се појавуваат доколку немаме стратегија
  • Каков е односот помеѓу мене и стратегијата?
  • Деловни приоритети, долгорочни и краткорочни цели
  • SWOT анализа
  • Значајни стратешки прашања
  • BOSTON матрица
  • PESTLE анализа
  • Употреба на стратешки алатки
  • Пајакова мрежа за индивидуалната продуктивност

Целна група на овој тренинг се менаџери, раководители и сите вработени кои што сакаат ефикасно да ја совладаат техниката за стратешко планирање во својата работа.

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и проектни задачи.

Course Curriculum

No curriculum found !

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • 2,990 ден
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.