Во денешниот начин на работење, coaching-от стана неразделно поврзан со успехот на бизнисот.
Самиот термин „coaching“ стана дел од корпоративниот вокабулар и се користи толку често на состаноците, како и програмите во делот на човечките ресурси, тренинзите, едукациите, колку и термините профит, продажба, удел, продуктивност итн. Со овој тренинг coaching-от се дефинира како една од алатките за успешно раководење со цел оптимизација на резултатите и не го исклучува техничкото знаење и експертиза.
Истовремено, coaching-от може да биде и инструмент за градење емпатија, при што тимското знаење и комуникацијата играат клучна улога.
Ефективен coaching е уметност. Најважната улога во coaching-от ја има оној дел во кој на поединците им се овозможува да увидат како можат да изберат да влијаат на успехот.
Практичното работење и работните процеси кои ги поттикнуваат поединците и тимовите да се развиваат и учат се секогаш поврзани со coaching-от. Доколку coaching-от е имплементиран на ниво на организација може да поттикне одлични резултати и значаен финансиски успех. Преку coaching-от им се помага на поединците и тимовите да прифатат нови концепти, успешно да преминат од состојба на „учам“ во состојба на „работам“, притоа поддржувајќи го личниот успех како и успехот на целата организација.
Со овој тренинг учесниците се оспособуваат да даваат и примаат конструктивни повратни информации, да научат како да управуваат ко-активно, воедно и да креираат персонален план за акција. Исто така, со овој тренинг учесниците ќе научат како да развиваат и применуваат структуриран пристап во интеракцијата со поединците и тимот насочен кон нивен личен и организациски развој.
Теми на тренингот:
- Развој на култура „coaching на работното место“ кај менаџментот и поединците во вашата организација;
- Прифаќање и имплементација на coaching-от во секојдневното работење како алатка за подобрување на успешноста;
- Запознавање со рамката и темелот на coaching-от;
- Развивање на интерперсонални и интраперсонални вештини кај сите учесници нужни за ефективна партиципација во активностите на coaching-от;
- Развивање на дадените техники на coaching-от кај сите учесници (раководители и / или поединечни соработници);
- Градење на вештини и знаења потребни за препознавање во кои подрачја на работење и кај кои поединци би било ефикасно да се користи coaching-от како модел.
Целна група на овој тренинг се менаџери и сите вработени во една организација кои стапуваат во интеракција со членовите на тимот.
Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и пишување есеј
Course Curriculum
Course Reviews
No Reviews found for this course.