Знаењето како успешно да се мотивираат вработените претставува основната разлика помеѓу менаџерот и лидерот. Предводењето луѓе во лидерска смисла значи создавање на модел на однесување преку личен пример, односно стил на соработка, комуникација и размислување – кој образец на однесување вработените треба да го усвојат, задржат и развиваат.
Во идеален случај, за поединецот да биде ефикасен во мотивирањето на луѓето потребно е да биде компетентен, да има поголемо знаење, поразвиени вештини и поголемо искуство од луѓето што ги раководи. Меѓутоа, денешниот начин на работење се одликува со висок степен на комплексност, па така, да се биде подобар во сè од соработниците едноставно не е возможно, а всушност не е ниту неопходно.
Поради тоа современото лидерство пред сè, се заснова на способноста да се мотивираат соработниците, како и континуирано и прогресивно да се активираат нивните потенцијали за остварување на продуктивност, прифаќање на основните вредности на организацијата, тимска работа и ефикасност.
Теми на тренингот:
- Од ентузијазам до прегорување
- Теории на Маслов и Херцберг
- Алатки за зголемување на мотивацијата на вработените
- Подобрување на ангажираноста и посветеноста на вработените
- Унапредување на соработката на вертикално и хоризонтално ниво
- Оспособување на себе си и другите
По завршувањето на овој тренинг учесниците ќе:
- ја развијат вештината потребна за мотивирање на вработените
- ја разберат својата улога во подобрување на продуктивноста
- избегнуваат грешки кои ги демотивираат вработените
- научат практични алатки за зголемување на ангажираноста
Целна група на овој тренинг се манаџери, супервизори и сите вработени кои се наоѓаат на работни позиции што вклучуваат мотивирање на соработниците. Овој тренингот има за цел да ги развие лидерските потенцијали на поединците и да помогне во нивната имплементација и реализација во пракса.
Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и пишување есеј.
Course Curriculum
Course Reviews
No Reviews found for this course.