Description
Предводењето луѓе во лидерска смисла значи создавање на модел на однесување, соработка, комуницирање, па дури и размислување, преку личен пример - кој модел вработените треба да го усвојат, задржат и развиваат.
Во идеален случај, за личноста да биде ефективен лидер, потребно е да поседува повеќе знаење, компетенции, да има поразвиени вештини и повеќе искуство од луѓето со кои раководи. Меѓутоа, во денешно време, работното окружување се карактеризира со висок степен на комплексност, па така, да се биде подобар во сè од соработниците едноставно не е возможно, а ниту пак неопходно.
Поради тоа, современото лидерство, пред сè, се базира на способноста да се мотивираат вработените, како и на способноста континуирано и прогресивно да се активираат потенцијалите на вработените со цел постигнување на високо ниво на продуктивност, прифаќање на организациските вредности, тимска работа и ефикасност во работата.
Reviews
There are no reviews yet.