• LOGIN
  • No products in the cart.

Станете ментор како џедај-мајсторите од Star Wars!!

Секојдневно ги слушаме термините coaching, mentoring… И ефектот кој го предизвикуваат за развој на луѓето.

Во тој контекст би сакал да предложам една паралела на тема која ја црпи основната идеја од некои познати изреки на џедај-мајсторите, а кои на некој начин би можеле да ги пресликаме во темата менторство или коучинг.

“In my experience, there’s no such thing as luck.” -Obi Wan Kenobi

(Од мое лично искуство, не постои ништо што се добива на среќа.)

Мислам дека понекогаш во животот, на секој од нас добро би ни прилегал Оби-Ван, како пример на личност со искуство и мудрост. Да ни послужи како водич низ процесот на учење. Ние можеме да имаме пристап до најдобрите книги и знаења, но ако не сме во состојба ефикасно да ги примениме новите знаења, тогаш тоа е бескорисно за нас. Штом заврши обуката, што правиме, што потоа? Како да изградиме врска меѓу научената материја и нејзината примена во пракса?

“Try not. Do or do not. There is no try.”  – Master Yoda

(Не обидувај се. Прави или не прави. Нема обиди.)

За ваша среќа, менаџерите во вашата компанија се сигурно поблаги од џедај-мастерите. Во компании со здрава култура на учење, вработените се поттикнуваат своите новонаучени вештини да ги практикуваат со ментори или коучи.

“You will find that many of the truths we cling to depend greatly on our own point of view.” – Obi-Wan Kenobi

(Ќе сфатите дека многу од вистините на кои се потпираме многу зависат од нашите сопствени видувања.)

Со проширување на вашето искуство на учење, било во училница или со е-учење, вие ги проширувате вашите перспективи. Ако на тоа се надоврзe и мрежното поврзување (networking) со други учесници кои имаат различни искуства по реализираната обука, ќе ви се отворат очите кон огромен број искуства и најдобри практики.

Како да станете ефективен ментор?

Постојат безброј ресурси кои се достапни на оваа тема, но ќе ви предложам неколку од моите омилени:

  • Книгата “A Manager’s Guide to Coaching” од Brian Emerson и Anne Loehr
  • Книгата “Coaching Skills for Leaders in the Workplace” од Jackie Arnold
  • Книгата “Coaching with passion“ од John van den Heuvel од DOOR, по која е направен и дводневен тренинг

Можете слодобно да ми се обратите за било која од наведените книги, со задовоство ќе ви ги позајмам или пријавете се за тренингот “Коучинг со страст”.

За крај, не заборавајте дека секој може да стане и да послужи како ментор.

Related image

“You underestimate my power.” – Anakin Skywalker

(Вие ја потценувате мојата моќ.)

Дури и ако сте релативно нови на работното место или сте на почеток на својата кариера, вие сигурно имате искуство кои би можело да им биде драгоцено на вашите колеги.  Учењето како да ја пренесете вашата приказна на другите луѓе ќе биде вашиот прв важен чекор на патот да станете ефективен ментор.

May the Force be with you!

U.F.O.

July 10, 2019

0 responses on "Станете ментор како џедај-мајсторите од Star Wars!!"

Leave a Message

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.