• LOGIN
  • No products in the cart.

Сте сретнале ли некогаш убедливи луѓе на кои се им оди од рака, успеваат да ги убедат сите околу себе дека нивните идеји се најдобри, нивните производи… Таквите лица се од голема вредност за компаниите, бидејќи идеите ги претвораат во акција. Убедувањето е спој на уметноста и науката. За да успеете во тоа, потребно е да усовршите повеќе вештини како што е градењето кредибилитет, интегритетот, совладување на отпорот на промени, емоционално врзување со луѓето….

Во денешниот модерен свет каде бизнис приликите стануваат се посложени, а промените се случуваат со голема брзина, способноста на поединците да вршат влијание над другите, станува една од најважните вештини за секој поединец.

Цели на овој тренинг се учесниците да добијат повеќе знаења и техники за убедување и влијание, и кога и на каков начин да ги применат за да ги постигнат посакуваните цели и резултати.

Теми на тренингот:

  • Убедување наспроти влијание
  • Зона на влијателност
  • Влијателност и психологија на убедување
  • Харизма и авторитет
  • Интегритет и кредибилитет
  • Принципите на Чалдини
  • Принципите на Карнеги

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и пишување есеј.

Содржина

Содржина не е пронајдена !

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • 6,150 ден 2,990 ден
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.