• LOGIN
  • No products in the cart.

Сведоци сме на човековиот напредок во сите сфери на животот во денешно време. Истото се случува и со продажбата. Сознавањето дека за продажбата не одлучува продавачот туку купувачот, темелно го измени пристапот и размислувањето за продажниот процес.

Овој тренингот ви овозможува уникатен пристап кон продажниот процес преку куповниот циклус, за разлика од повеќето денешни продажни тренинзи кои се темелат на продажниот циклус (sales mountain).

Пристапот кон продажбата преку куповниот циклус го става купувачот во центарот на вашиот фокус. Преку ваквиот пристап продавачот развива долгорочен партнерски однос со него. Акцентот е ставен на разбирањето на потребата и проблемот на купувачот; претставување на производот или услугата така што купувачот во целост ќе ја согледа неговата вредност и корист за себе; развивање на долгорочен партнерски однос со купувачот, втемелен на взаемна доверба.

Тренингот води кон промена на однесувањето во продажбата. Продавачите што ќе ги усвојат новите методи во пристапот на продажба добиваат голема мотивација за работа. Резултатите од овој тренинг ќе и помогнат на вашата организација да развие и оддржи култура на одлична изведба на продажбата.

Теми на тренингот:

  • Разбирање на потребите и мотивацијата на купувачите
  • Продавање на вистинските вредности на производот и услугата на купувачот
  • Перцепцијата на купувачот за нас – како тие нè гледаат?
  • Разбирање на циклусите на купување
  • Разлики помеѓу особините, предностите и бенефитите на производот за купувачот
  • Претставување на неодолива понуда на купувачот базирана на неговите потреби
  • Справување со приговори и склучување на продажбата

Целна група на овој тренинг се продавачи, претставници за продажба, советници за продажба, продажни менаџери, како и сите оние кои што учествуваат во продажниот процес на услуги и на производи, било да се работи за B2B или B2C продажба. Овој тренинг ќе му овозможи силна потпора на продажниот персонал, како и на раководителите на продажните тимови.

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и проектни задачи.

Содржина

Содржина не е пронајдена !

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • 6,150 ден 2,990 ден
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.