• LOGIN
  • No products in the cart.

Креативното размислување се гледа низ способноста да се решаваат клучни прашања, да се проценат и унапредат истите. Многу познати светски лидери во светот на бизнисот се многу вешти во креативното размислување. Со прифакањето на поинаков начин на размислување правиме значаен чекор кон постигнувањето на подобри бизнис резултати.

Да се стане креативен е можно и тоа со учење и присвојување добри пракси. Кога ќе се спои таквиот начин на размислување со бизнис активностите, може да се зголемат значително бизнис резултатите.

Со овој тренинг сакаме да ви помогнеме да го откриете креативецот и иноваторот во вас самите.  Тренингот е така насочен да предизвика промена во начинот на размислување и да ви го открие начинот како мислите функционираат и ви помагаат да ги преминете личните граници.

Целна група на овој тренинг се сите вработени кои би сакале во својата работа да внесат повеќе креативност и инвентивност со цел постигнување деловен и личен успех.

Цели на овој тренинг се учесниците да добијат повеќе знаења за тоа што ја потикнува, а што блокира нивната креативност и да ги откријат вештините кои се потребни за успешна креативност и иновативност.

Теми на тренингот:

  • Како функционира човечкиот мозок
  • Опис на основните правила на функционирање на човечкиот мозок
  • Примена на креативни техники
  • Препреки на креативното размислување
  • Разработување на техниките на breinstorming, ментални мапи и методот “Шест шапки”

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и цртање ментални мапи.

Содржина

Содржина не е пронајдена !

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • 6,150 ден 2,990 ден
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.