• LOGIN
  • No products in the cart.

Промената повеќе не е избор. Организацијата е свесна за потребата од промена која на ниво на проект е детално испланирана. Менаџерите веќе започнале со извршување и имплементација на промената кога одеднаш:

  • вработените се изненадени, дезориентирани и шокирани
  • ја негираат промената и прибегнуваат кон воспоставените рутини
  • лути се на промената и на оној кој ја воведува
  • го гледаат само тоа што го изгубиле и се фокусираат на понатамошни загуби
  • некои од вработените отворено се спротивставуваат и конфронтираат, се обидуваат да се дискредитираат едни со други, претерано ги компликуваат новите начини, одговараат со: „отсекогаш сме го правеле тоа поинаку“, заземаат став „ова нема смисла“, а само мал број се спремни да ги разгледаат и прифатат новите прилики, но сето ова води кон намалена ефикасност и ефективност, што финално резултира со огромни непланирани трошоци.

Успешните организации се свесни за предвидливото влијание на промените врз луѓето и управуваат со процесот на промените на таков начин, кој им помага да ги спречат и отстранат горенаведените отпори на промените. Организациската промена е успешна само кога вработените вистински ја поддржуваат новата бизнис стратегија.

Овој тренинг креира индивидуална свесност и акција за позитивно соочување со промените било да се работи за оној кој ја воведува промената или учествува во истата со својот придонес. Тренингот им овозможува на учесниците да стекнат контрола над промените водејќи ги низ чекорите за ефективно управување со промени и помагајќи им да ги постигнат посакуваните резултати.

Теми на тренингот:

  • Разбирање на причините за промена и својата лична улога во промената
  • Организациски отпор кон промените
  • Индивидуална комфор зона и индивидуални причини за прифаќање или отпор кон промените
  • Отпор кон промените предизвикан од страв од загуба
  • Емоционални фази на промените
  • Индивидуален план за промена и усогласување со организацијата
  • Модели на промена за разбирање на индивидуалниот и тимскиот одговор на промената
  • Како успешно се спроведува промената во 8 континуирани чекори
  • Вештини за справување со промени
  • Создавање на личен план за одговор на промената

Целна група на овој тренинг се сите менаџери и раководители кои во организацијата или тимот имаат задача да воведат и спроведат промена од било кој вид.

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби, како и проектни задачи.

Содржина

Разбирање на причините за промена и својата лична улога во промената
Lekcija 1 Details 00:25:00
Prv kviz 00:01:00
Lekcija 2 Details 00:35:00
Lekcija 3 video Details 00:45:00
Организациски отпор кон промените
Индивидуална комфор зона и индивидуални причини за прифаќање или отпор кон промените
Отпор кон промените предизвикан од страв од загуба
Емоционални фази на промените
Индивидуален план за промена и усогласување со организацијата
Модели на промена за разбирање на индивидуалниот и тимскиот одговор на промената
Како успешно се спроведува промената во 8 континуирани чекори
Вештини за справување со промени
Создавање на личен план за одговор на промената

Course Reviews

5

5
1 ratings
  • 5 stars1
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0
TAKE THIS COURSE
  • FREE
  • 10 Days
  • 20 SEATS
  • Course Badge
  • Course Certificate
  • Wishlist
5 STUDENTS ENROLLED

Напредно пребарување

Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.