• LOGIN
  • No products in the cart.

 

Време. Доколку кажеме дека сликата искажува илјада зборови, тогаш зборот „време“ искажува илјада слики. Кога ги набљудуваме личноста и времето доаѓаме до поимот на индивидуална ефективност и се запрашуваме што тоа всушност значи?

Индивидуалната ефективност започнува со разбирање на потенцијалот и способноста на личноста, како и нејзините слабости и области на кои им треба подобрување. Овој тренинг ќе даде одговор на прашањето што е тоа што ги прави некои луѓе високо продуктивни, а некои непродуктивни, односно што ги води некои луѓе кон успехот, додека други стагнираат и постојано погледнуваат на часовникот.

Првиот чекор кон зголемување на продуктивноста на организацијата претставува зголемување на делотворноста на секој од нејзините членови. Овој програм ги содржи елементите на самодоверба, постигнувања, поттикнувања, посветеност, иницијатива, тимска работа и комуникација.

По завршувањето на овој интензивен тренинг учесниците ќе:

  • ги разберат новите гледишта во врска со времето, со оглед на ефектот на глобализацијата и со акцент на индивидуална благосостојба
  • ги поставуваат задачите според листата на приоритети со помош на алатките за управување со времето
  • ја разберат важноста на ставот кон времето
  • делегираат задачи на другите и ќе ги разликуваат задачите според способностите на луѓето кои ги решаваат

Целна група на овој тренинг се сите вработени во една организација кои сакаат ефикасно да го искористат своето време, за да бидат поуспешни и попродуктивни. По завршувањето на овој тренинг учесниците ќе се стекнат со неопходните вештини за да бидат поефективни и поделотворни во користењето на времето.

Со поголема самодоверба ќе преземаат акции и подобро ќе се разберат себе си и другите.

Овој тренинг се состои од низа модули кои содржат теоретска подлога, алатки и стратегии, анализа на случаи, квизови, дискусии, интерактивни индивидуални и групни вежби и проектни задачи.

Содржина

Ново сфаќање за времето и осознавање на сопствениот став кон времето
Препознавање на сопствените „потрошувачи на времето“ - и начини како да се избегнат
Од реактивно кон проактивно управување со времето
Поврзаност меѓу времето и стресот
Што се приоритети и како да се определат?
Феноменот "одложување"
Делегирање авторитет

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

TAKE THIS COURSE
  • PRIVATE
  • 10 Days
  • Wishlist
0 STUDENTS ENROLLED

    Напредно пребарување

    Designed by © Triple I Lab. All rights reserved.